(Видео) Во САД поради „супер магла“ се судрија 158 возила, седум загинати, десетици повредени

Видео-Во-САД-поради-„супер-магла-се-судрија-158-возила.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку седум лица загинаа вчера на меѓудржавен пат во Луизијана во серија сообраќајни несреќи во кои учествуваа најмалку 158 возила, соопшти државната полиција. Повеќе од 25 лица се пренесени во болниците со повреди од полесни до критични, додаде полицијата во вечерното соопштение за печатот.


Метеоролозите претходно соопштија дека „супер магла“ ја зафатила областа западно од Њу Орлеанс околу времето на несреќата. Супер маглата е густа магла која се развива во влажни услови и може да ја намали видливоста на помалку од десет метри, според Националната метеоролошка служба.

Властите објаснија како некои возила се запалиле по првиот судир. Едно од возилата вклучени во сообраќајните несреќи е камион цистерна кој превезувал „опасна течност“, соопшти полицијата без да ја прецизира супстанцијата.

„По отстранувањето на цистерната, службите за прва помош ќе можат подобро да ги проценат возилата во непосредна близина. Можно е да се лоцираат дополнителни жртви“, соопшти синоќа полицијата, пренесе Си-ен-ен.

Властите побараа од јавноста да се јави доколку имаат исчезнат член на семејството кој патувал во областа во понеделник наутро. Гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс рече дека се моли за загинатите и повредените во несреќите.

„Комбинацијата од огнен чад и густа магла е опасна и сакам да ги поттикнам сите жители на Луизијана во погодените области да бидат крајно претпазливи додека патуваат“, напиша Едвардс на X.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK