(Видео) Во Мексико се урна покрив на црква за време на миса, најмалку седум загинати

Видео-Во-Мексико-се-урна-покрив-на-црква-за-време.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени вчера во Мексико кога покривот на црквата се урна за време на миса во градот Сиудад Мадеро во североисточната држава Тамаулипас, соопшти локалната влада.

„Потврдена е смртта на седум лица, а десет повредени се спасени“, изјави портпаролот на службата за државна безбедност, укажувајќи дека е во тек потрага по преживеани.

Снимките на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога се урна покривот на црквата и во воздухот се издигнаа сив чад, проследено со рушење на надворешните ѕидови.

Граѓанската одбрана на државата Тамаулипас, која се граничи со Тексас, објави фотографии од остатоците од црквата.

Бискупот Хозе Армандо Алварез од Римокатоличката епархија Тампико рече дека покривот на црквата се урнал додека верниците се причестувале и повикал на молитви за жртвите и преживеаните.

„Се работи неопходна работа за да се извлечат луѓето кои се уште се под урнатините“, рече Армандо во снимената порака споделена на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK