Два воза се судрија вчера вечерта во близина на италијанскиот град Фаенца, при што се повредени најмалку 17 лица, од кои повеќето полесно, јави агенцијата АНСА, повикувајќи се на спасувачите на местото на настанот.
Несреќата се случила околу 20:30 часот на дел од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилија-Ромања.
2 passenger trains collide in northern Italy, injuring at least 17 people pic.twitter.com/ysCAqLE143
— BNO News Live (@BNODesk) December 10, 2023
Пожарникарите се уште се на местото на несреќата и се зафатени со обезбедување на патеката. Причината за несреќата на почетокот не беше јасна.
Според првичната реконструкција, двата воза се движеле во правец на север, како што јави италијанската агенција НСА. Тие не се судриле директно, туку еден воз удрил во друг одзади.