(Видео) Во Италија се судрија амбулантно возило и автобус со деца, загинаа сите од итната медицинска помош

Видео-Во-Италија-се-судрија-амбулантно-возило-и-автобус-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што пренесуваат италијанските медиуми, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во тунелот Ка’ Гулино, во градот Урбино, во централна Италија.


Според локалниот весник, комбето на брзата помош влегло во лентата каде што се наоѓал автобусот, а дошло до директен судир при што комбето се запалило. Загинале сите четворица од комбето: тројца медицински лица и еден пациент кој бил пренесуван во локалната болница.

Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни. Тие се враќаа од патување.

Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, сите биле во шок. Некои плачеле и ги повикувале своите родители, пренесуваат медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK