Околу 12 часот, двајца активисти залепија плакати со ликови од цртаната серија „Валас и Громит“ на лицето на кралот Чарлс, преку кои симболично го нападнаа Кралското друштво за спречување на суровоста кон животните (RSPCA).
Активисти на британското движење „Animal Rising“ денеска го вандализираа новиот портрет на кралот Чарлс во галеријата „Филип Молд“ во Лондон.
Кралското друштво за спречување на суровост кон животните вети дека животните на фармите што ја носат нивната етикета ќе имаат повеќе простор за движење и нема да бидат чувани во кафези.
‼️BREAKING: No Cheese Gromit! King Charles Portrait Redecorated‼️ @RoyalFamily
‼️Find out why King Charles, Patron of the RSPCA should ask them to drop the Assured Scheme -> https://t.co/pTneW0QCWf 👈 pic.twitter.com/jYLHFuxtHB
— Animal Rising (@AnimalRising) June 11, 2024
Animal Rising, од друга страна, тврди дека нашол „сериозна суровост кон животните“ на сите фарми што ги посетиле. Тие исто така тврдат дека Кралското друштво ја прикрива „суровоста во индустриски размери“.
Активистите на таа група на својата веб-страница наведуваат дека се ненасилна организација, која се залага за „итна транзиција кон одржлив и праведен систем на храна од растително потекло.