(Видео) Украински напад со беспилотни летала на Русија: нападната е и Москва, има и жртви

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина синоќа изврши масовен напад со беспилотни летала на неколку руски региони, меѓу кои Брјанск, Москва, Тула, Калуга, Белгород, Курск, Орел, Воронеж, како и во регионот Краснодарски крај.



Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов изјави дека едно момче (9) е убиено, а уште тројца цивили се повредени во напад со беспилотно летало во градот Раменскоје, град кој се наоѓа на 46 километри југоисточно од Москва.

Украина се уште не го коментираше нападот.

Видеата од експлозиите кои се слушнаа над областа Брјан беа објавени од локалните жители на социјалните мрежи половина час по полноќ по локално време. Гувернерот Александар Богомаз тврди дека противвоздушната одбрана соборила 59 украински беспилотни летала во текот на ноќта.

Подоцна во ноќта, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така, тврдеше дека повеќе од десет беспилотни летала биле соборени над Московската област на пат кон главниот град.

Собјанин извести дека итните служби го гаснат пожарот на 11 и 12 кат од станбена зграда. Остатоци од дрон беа пронајдени и во близина на меѓународниот аеродром Жуковски, на околу 36 километри југоисточно од центарот на Москва.

Повеќе од 30 меѓународни и домашни летови кои требаше да полетаат меѓу полноќ и 7 часот по локално време беа одложени на аеродромот Внуково поради нападот. Аеродромот Домодедово во Московскиот регион беше затворен во раните утрински часови.

Два беспилотни летала наводно биле соборени во областа Тула, а остатоци паднале на енергетски објект. Според извештаите на руските државни медиуми, нема повредени или прекини во снабдувањето.

Во последниве месеци, украинските сили ги засилија нападите врз цели на руска територија, со цел да ја оштетат руската нафтена индустрија и објектите што ги користат Русите за воени цели.

Во текот на ноќта на 1 септември десетици беспилотни летала нападнаа неколку руски региони, а руското Министерство за одбрана тврди дека соборило 158 беспилотни летала, потсетуваат во своите написи светските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK