(Видео) Украински дрон погоди станбена зграда во Москва и предизвика експлозија


13989093.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руската престолнина утрово се разбуди со нов масовен напад од украински беспилотни летала. Експлозии одекнуваа низ градот, а небото над Москва беше покриено со густ црн чад, објавува „Киев индепендент“.


На социјалните мрежи е објавено видео кое го прикажува точниот момент кога украински дрон се урна во станбен облакодер во Москва.

 

Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин и бројните канали на Телеграм кои ја следат ситуацијата на терен, градот бил погоден од огромен број беспилотни летала. Московската рафинерија за нафта била нападната, по втор пат во последните три дена, што предизвикало огромен пожар во самиот индустриски комплекс.

Собјанин се огласи во раните утрински часови и објави дека руската воздушна одбрана пресретнала и уништила 33 беспилотни летала што летале кон Москва. Тој, исто така, изјави дека е регистрирана само „мала штета“ на зградата во трговскиот центар Садовод на југоистокот од градот.

Според градоначалникот на Москва, во нападите немало смртни случаи или повредени, а службите за итни случаи биле испратени на сите места на несреќите. Поради опасноста од нови напади, на московските аеродроми Внуково, Шереметјево и Жуковски беа воведени привремени ограничувања, каде што летовите беа привремено суспендирани или пренасочени.

Фотографиите и видеата што ги споделуваат московјаните на социјалните медиуми покажуваат пожари и експлозии на неколку локации низ градот. Телеграм каналот „Ексиленова-Плус“ објави видеа на кои се гледа горењето на горните катови на станбен облакодер, како и пожарот во близина на самата рафинерија за нафта.

„Киев Индепендент“ забележува дека во времето на објавување на текстот, не можел независно да ја потврди автентичноста на овие снимки. Овој жесток удар се случи само два дена откако Украина погоди московска рафинерија со дронови со долг дострел, што украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече „праведен одговор на руските напади“.

Во исто време, посебен напад со беспилотни летала беше регистриран и во Ростовскиот регион, поточно во градот Гуково. Гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Шљусар, потврди дека едно лице е убиено во нападот со беспилотни летала, додека две други се повредени и итно префрлени во болница.

 

фото/ЕПА/илустрација

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK