(Видео) Украинците тврдат дека собориле руски авион вреден 50 милиони долари: објавена е и снимката од нападот

avion-830x553.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската војска собори моќен руски борбен авион Су-30М за време на операција во Црното Море, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција ХУР.


Објавена е и видео снимка од уривањето на авионот. Според се уште непотврдени информации, авионот бил соборен од рачен фрлач на противвоздушна ракета.

Станува збор за еден од помодерните руски борбени авиони чија цена е околу 50 милиони американски долари. Авионот кој се урна во морето припаѓал на 43-от посебен полк на поморската авијација на руските вооружени сили, кој се наоѓа на аеродромот во градот Сака во окупираниот Крим.

Русите изгубиле контакт со авионот вчера околу 5 часот наутро. Околу три часа подоцна, тие започнаа операција за пребарување и спасување во која беа вклучени авионите Ан-26, како и хеликоптерите Ми-8 и Ка-27, соопштија украински извори.

Околу седум часа подоцна, тие пријавиле во командата карактеристична дамка од воздухопловно гориво откриена во морето, 70 километри северозападно од Кејп Тарканкут, а наскоро ги виделе и остатоците од уништениот Су-30СМ, велат Украинците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK