Украинските разузнавачки сили извршија десант на Крим со помош на морнарицата, соопшти Киев. За време на, како што ја нарекуваат, специјалната операција, воените сили се истоварија на Крим, украинскиот полуостров кој е под руска окупација од 2014 година, и се судрија со руските сили.
„Како резултат на тоа непријателот претрпе загуби, а беше уништена и руска воена опрема“, се вели во соопштението на украинското воено разузнавање на „Телеграм“.
„Сите цели и задачи се исполнети“, додаваат тие нагласувајќи дека нема повредени Украинци. Тврдат дека се истовариле и дека го подигнале украинското знаме на територијата на Крим.
Овој извештај сè уште не е независно потврден, а Русија не го коментира. Тие споделија видео од десантот, на кое се гледа подигнувањето на украинското знаме.