(Видео) Украинците го преминаа Днепар; Русите: Ги чека пекол

Видео-Украинците-го-преминаа-Днепар-Русите-Ги-чека-пекол.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинските војници ја преминаа реката Днепар во окупираните области на регионот Херсон и дејствуваат во мали групи, пренесуваат медиумите во светот.


Русија додаде дека испратила повеќе војници за да го запре процесот.

Портпаролот на украинската армија денеска додаде дека украинските војници се обидуваат да ги потиснат руските сили од источниот брег на реката, кој служи како голема природна бариера на бојното поле.

Владимир Салдо, гувернерот на делот од Херсонската област под контрола на Москва, во изјава призна дека украинските сили успеале да ја преминат реката, но рече дека им нанесуваат големи загуби.

Украинските сили, рече тој, дејствуваат во мали групи распоредени низ областа од железничкиот мост во регионот до селото Кринки, на оддалеченост од околу 20 километри.

„Сега се донесени нашите дополнителни сили. Непријателот е заробен во населбата Кринки и за нив е подготвен огнен пекол: бомби, ракети, артилериски гранати и беспилотни летала“, рече Салдо.

Повикувајќи се на, како што рече, информации од прва рака од руската воена група „Днипро“, тој рече дека украинските сили се приковани во подрумите и предвиде дека украинскиот напад ќе биде спречен.

Селото Кринки се наоѓа во близина на реката Днепар, на околу 30 километри североисточно од градот Херсон, кој Украина го врати пред речиси точно една година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK