(Видео) Украинците го нападнаа Крим со дронови: експлозии одекнуваат, руско складиште за муниција е во пламен


Screenshot-2025-05-16-104503.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожар избувна утрово во магацин за муниција во селото Перевалне во окупираниот од Русија Крим, по серија експлозии предизвикани од напади со украински беспилотни летала, објави „Киев Индепендент“.


126-та независна бригада за крајбрежна одбрана на руската Црноморска флота наводно е стационирана во близина на селото Перевалне. Како одговор на инцидентот, локалните власти го блокираа патот што ги поврзува Симферопол и Алушта во централниот дел на полуостровот.

Crimean Wind објави снимки направени од локалното население на кои се гледа чад што се издига од повеќе локации низ Крим.

Експлозии беа пријавени и во близина на воените воздухопловни бази Белбек и Кача во близина на Севастопол.

Украинските власти сè уште официјално не го коментираа нападот, а информациите не можеа да бидат независно потврдени.

За време на војната, Украина постојано извршуваше успешни напади врз руски цели во окупираниот Крим и околните области, значително ослабувајќи ја руската Црноморска флота.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK