(Видео) Учествувал на 238 избори и никогаш не победил: овој човек го нарекуваат „најголемиот губитник на светот“

Screenshot-2024-04-14-165352.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приказната на К. Падмарајан е приказна за истрајност. 65-годишникот од индиската држава Тамил Наду учествуваше на 238 политички избори во изминатите три децении и потроши илјадници долари за котизација.


Најблиску до победа беше во 2011 година, кога се кандидираше за генералното собрание на градот Метура и доби 6.273 гласа. Тој беше далеку зад победникот (75.000 гласови), но тоа му даде надеж дека еден ден ќе може да триумфира.

Тој ден може да дојде во иднина, но Падмарајан истакнува дека победата е споредна цел. Одлучноста и прифаќањето на поразот се клучни – и никој не го прави тоа подобро од него.

„Сите кандидати бараат победа на изборите, јас не“, изјави неодамна тој.

Можеби мислите дека се шегува, но не е така. По 238 неуспешни избори, Падмарајан сака само да ја продолжи својата серија на порази.

Годинава тој ќе се обиде по 239-ти пат, за време на изборите за пратеничко место во областа Дармапури во државата Тамил Наду. Ќе видиме што ќе се случи.

Неговата приказна започна во 1998 година кога се кандидираше за позиција во неговиот роден град Метуру. Знаеше дека практично нема шанси, но сакаше да покаже дека „обичниот човек“ има право да се кандидира за службени функции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK