(Видео) Убиецот објавил морничава фотографија пред масакрот: детали за пукањето во средното училиште во САД

Видео-Убиецот-објавил-морничава-фотографија-пред-масакрот-детали-за-пукањето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку едно лице го загубило животот, а неколку се ранети во денешниот напад во средно училиште во американската сојузна држава Ајова, јавуваат американските медиуми.

Ен-Би-Си, повикувајќи се на повеќе полициски извори, објави дека напаѓачот починал од прострелна рана што си ја нанел самиот.

Повредени се три лица, меѓу кои двајца ученици и еден вработен во училиштето. Природата на нивните повреди засега не е позната.

Осомничениот вооружен напаѓач е идентификуван, изјави шерифот на округот Далас Адам Инфанти на прес-конференција, но одби да даде дополнителни детали.

Според социјалните мрежи, идентификуваниот напаѓач пред нападот објавил вознемирувачка фотографија и напишал „сега чекаме“ со чуден израз на лицето.

Пукањето било пријавено утринава околу 7:37 часот по локално време, пред почетокот на првиот училишен ден по зимскиот распуст за учениците во средното училиште Пери, во кое има околу 1.785 ученици.

Полицјата реагирала седум минути подоцна и открила луѓе кои страдале од прострелни рани.

„За среќа, во зградата имаше многу малку ученици и наставници, што, според мене, придонесе за добар исход во таа смисла“, рече тој на брифингот со новинарите.

Шерифот додаде дека веќе нема никаква опасност за граѓаните и дека полицијата сега работи на случајот.

Според официјални лица од округот Далас, местото на злосторството во моментов е обезбедено.

На местото на пукањето имало најмалку пет возила за итна помош, пренесува NBC News.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK