(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови


apegklovismos2-xrm.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија на „Speedrunner Jet“, објавија грчките медиуми откако овој дел на Грција беше зафатен со големи пожари.


Вкупно, во операцијата учествуваат два брода на крајбрежната стража, приватни бродови, два брода на противпожарната служба, три рибарски бродови и еден туристички брод.

Покрај по воден пат, трустите и жителите се евакуираат и со автобуси.

„Автобусите на автобуската служба на Халкидики брзаат кон Сивири и Фурка за да ги земат граѓаните поради големиот пожар што гори во областа“, објавија грчките медиуми.

 

фото/принтскрин

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK