Ирски турист искрши историска статуа во Белгија само еден ден откако беше претставена пред јавноста по реставрацијата од 15.000 фунти. Неименуван маж е уапсен на 10 септември бидејќи со факел откинал дел од раката на споменикот пред новоотворената берза во Брисел, јавува белгискиот ВРТ НВС.
Целата зграда исто така беше отворена еден ден порано, по големата реконструкција од 77 милиони фунти. На социјалните мрежи се прошири видео од инцидентот. На видеото се гледа како туристот се качува на статуата. Потоа се исправа обидувајќи се да скокне, но притоа го крши факелот и голем дел од раката на статуата, пишува Индипендент.
An Iconic statue in Brussels was damaged by a tourist days after an $150m restoration project was completed. pic.twitter.com/Xhr2s4rZuU
— New York Post (@nypost) September 14, 2023
Полициските камери го снимиле чинот на случаен вандализам, а мажот наводно бил пресретнат и уапсен од полицијата во блискиот ресторан за брза храна. Сопствениците сакаат да ја наплатат штетата која ја проценуваат на илјада фунти директно од туристот.
Нел Вандевеннет, кој го водел проектот за реставрација, тврди дека туристот бил во „весело расположение“.
„Поправките ќе чинат многу пари бидејќи работата ќе треба да ја завршат вистински занаетчии… Агенцијата за споменици и пејзажи на бриселскиот регион ќе ја надгледува работата. Би сакале поправките да ги извршиме брзо, но тоа сигурно ќе потрае неколку недели или дури месеци“, рече тој.
„Целата зграда дури сега е вратена во својот поранешен сјај, вклучувајќи ги и двата лава кои беа во лоша состојба. Мислевме дека скулптурите ќе бидат повеќе почитувани. Многу е тажно што тоа се случи“, додаде тој.
Тоа е последниот во долгата низа инциденти предизвикани од туристи ширум Европа ова лето.