Украински воени хеликоптери по втор пат за два месеци слетале во близина на линијата на фронтот во источна Украина за да се снабдат со гориво и муниција, а од воздух биле забележани од руски дрон, пишува Форбс. Неколку моменти подоцна, руската артилерија со долг дострел – веројатно балистичка ракета Искандер – разнесе три хеликоптери во близина на Павлохрад, 112 километри западно од контактната линија околу населбата Бердичи.
Оваа загуба е катастрофална за малите воздухопловни сили на украинската армија, но и уште еден знак дека Украинците сè уште не можат лесно да одржат соодветна воздушна одбрана по целата линија на фронтот, која е подолга од 960 километри.
Yes, it happened again, this time worse if you want to say so.
Russian Forces hit and destroyed 2x Ukrainian Mi-24 Attack Helicopters standing at a Resupply and Refuel Point in an Open Field(along with a MI-8 in the back, unlikely it was affected) using a D-30SM UMPB bomb (IMO) pic.twitter.com/Do1o8kZTXw
— WarVehicleTracker (@WarVehicle) May 11, 2024
Два нападни хеликоптери Мил Ми-24 и еден Мил Ми-17 беа во мисија во саботата и слетаа на таканаречената „точка за оружје и полнење гориво“, односно ФАРП.
ФАРП е поле во близина на фронтот каде што хеликоптерите можат безбедно да слетаат за да можат помошните трупи брзо да надополнат гориво и муниција. Идејата е екипажот на хеликоптер многу брзо да подигне сè што им треба – идеално за само неколку минути – и повторно да полета пред непријателот да ја таргетира локацијата.
Украинците ги извршуваат овие операции секој ден, бидејќи нивните хеликоптери летаат ниско на мисиите долж линијата на фронтот, пренесувајќи опрема и ранети војници и гаѓајќи ракети без насоки кон руските сили.