(Видео) Трамп нападна новинарка на Си-ен-ен во ОН: „Не треба да бидете овде“


14310457.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Конфликтот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и големите медиумски куќи се пренесе од тревникот пред Белата куќа на меѓународната сцена. За време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Трамп влезе во вербална расправија со новинарката на Си-ен-ен (CNN), Кејтлан Колинс, велејќи ѝ дека воопшто не треба да го следи настанот.


Оваа неочекувана конфронтација се случи денес, непосредно пред официјалното обраќање на Трамп до светските лидери, додека тој одговараше на прашања од присутните новинари. Колинс побара коментар за најновите анкети на јавното мислење, кои покажуваат дека дури две третини од Американците сметаат оти САД ја губат војната во Иран.

Видливо вознемирен од прашањето, Трамп избегна директен одговор и наместо тоа ја нападна новинарката и нејзината медиумска куќа. Тој изрази изненаденост што Си-ен-ен воопшто ги следи неговите активности – тврдејќи дека претходно изјавиле оти нема да го прават тоа – и ѝ рече дека таа не припаѓа таму. Колинс возврати дека Си-ен-ен добил официјална акредитација за следење на настанот директно од Обединетите нации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK