(Видео) „Старшип“ постави 26 сателити во орбитата, сега следи најголемиот тест – враќање на Земјата


space-x-depositphotos_737795274_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск го лансираше вселенското летало „Старшип“ од Тексас на својот 15. пробен лет, во рамки на мисија во која за првпат ќе се обиде успешно да го врати горниот дел од леталото на истото место од кое полета.


Тестирањето претставува важен чекор во плановите на компанијата за развој на целосно повторно употреблив ракетен систем, пренесува „Ројтерс“.

Според планот на мисијата, горниот степен на „Старшип“, кој лета без екипаж, треба да се врати на лансирната платформа во Тексас по речиси еден ден поминат во орбитата. Предвидено е леталото контролирано да слета со помош на своите мотори, а потоа да биде фатено со огромните механички раце поставени на лансирната кула.

Сепак, првиот обид за враќање на долниот дел од ракетниот систем „Супер хеви“ не успеа. Непосредно по одвојувањето од леталото, неколку минути по лансирањето, ракетата скршнала од предвидената патека кон Мексиканскиот Залив, од засега непознати причини.

Долниот дел накратко лебдел во воздухот, но потоа експлодирал на мала височина над морската површина.

Од „СпејсИкс“ соопштија дека „Старшип“ стигнал до орбитата околу 27 минути по лансирањето. За време на мисијата успешно поставил и 26 сателити „Старлинк“.

Планирано е леталото да направи околу 14 кружења околу Земјата, по што треба да се обиде да се врати на лансирната кула во Тексас. Контролорите на мисијата се надеваат дека горниот степен ќе успее да се врати и да го изведе планираното слетување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK