(Видео) Спасен фудбалерот на Ница кој сакаше да скокне од мост поради девојка

Видео-Спасен-фудбалерот-на-Ница-кој-сакаше-да-скокне-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големата драма во Ница беше решена со позитивен исход, откако фудбалерот Алексис Бека Бека беше тргнат од мостот „Манјан“ од каде се закани дека ќе скокне во провалија.


Според информациите од Франција, Бека бил разочаран поради раскинувањето со својата девојка, но спасувачите успеале да го тргнат од мостот и сега е безбеден.

Провалијата е длабока повеќе од 100 метри.

22-годишниот Французин пристигна во клубот од Локомотив Москва во летото 2022. Играчот кој настапуваше и за Кан во втората француска лига, минатата сезона главно доаѓаше од клупата за резерви.

ФК Ница испратил и психолог да му помогне на фудбалерот, а многу играчи се обиделе да стапат во контакт со девојката на Бека Бека, која исто така сакала да помогне.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK