(Видео) Сопругата на Бајден: Мислев дека Џо има мозочен удар за време на дебатата со Трамп


depositphotos_665786312_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, напиша книга за своето време во Белата куќа, „Поглед од источното крило: мемоари“, во која, меѓу другото, наведува дека била „исплашена“ кога го гледала својот сопруг, поранешниот претседател на САД, Џо Бајден за време на дебатата во 2024 година, бидејќи изгледало како да има мозочен удар.


„Не бев ужасната, туку исплашена, бидејќи никогаш не сум го видела Џо ваков ниту порано ниту потоа“, изјави Џил Бајден во интервју за „Си-Би-Ес“, пред објавувањето на нејзината книга на 2 јуни.

Таа рече дека „не знае што се случило“.

– Мислам, додека го гледав, си помислив „О Боже, добива мозочен удар“, и тоа ме исплаши до смрт – рече Џил Бајден.

По неуспешниот настап на Бајден за време на прелиминарната дебата во јуни 2024 година, многумина во Демократската партија го повикаа да се откаже од претседателската трка, што тој го направи околу три недели подоцна, кога ја поддржа потпретседателката Камала Харис, која беше демократски претседателски кандидат.

Веднаш по неговиот неуспешен настап, Бајден и неговата сопруга се обидоа да ги уверат поддржувачите дека е способен да служи како претседател уште четири години.

Џо Бајден во тоа време рече дека неговиот слаб настап не е резултат на никаква сериозна состојба и го препиша тоа на „лоша епизода“, откако меѓународно патување и лоша настинка во тоа време го оставија исцрпен, пренесуваат медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK