(Видео) Снимка од воздух од погребот на Навални

Видео-Снимка-од-воздух-од-погребот-на-Навални.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Снимката направена од воздух која ја објави агенцијата „Некста“ покажува колку луѓе денеска дојдоа во предградието на Москва за да му кажат последно збогум на неодамна починатиот, Алексеј Навални.

Долга колона во која има илјадници луѓе, како што проценуваат новинарите на Новаја Газета, се движи од правец на црквата Богородица во областа Марино на периферијата на Москва кон гробиштата Борисовски. Претходно во црквата се одржа богослужба на која присуствуваа родителите на Навални, Људмила и Анатолиј, како и околу 300 луѓе кои можеа да влезат во црквата.

Сите што останаа пред црквата запалија свеќи, носеа свеќи и го скандираа името на починатиот опозиционер, но и пароли како „Путин е убиец“, „Русија без Путин“ и „Русија ќе биде слободна“.

Во текот на вчерашниот ден, како и цело утро во делот на Москва каде што се одржува погребот, забележливо беше големо присуство на полицијата. Претходно беа објавени видеа на кои се гледа дека единиците опремени да ги разбијат демонстрациите ги опколија гробиштата, а независните медиуми во Русија исто така пишуваа дека на покривите се распоредени снајперисти.

Алексеј Навални почина откако, како што соопштија затворските власти, се онесвестил по утринската прошетка во затворската колонија, по што неуспешно бил реанимиран. Навални отслужи затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, за основање и финансирање на екстремистичка организација и нејзините активности, а беше познат и како остар критичар на Кремљ и рускиот претседател Владимир Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK