(Видео) Слоновите не се луѓе, пресуди американскиот суд

slon-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врховниот суд во Колорадо вчера пресуди дека пет слона во зоолошка градина не се луѓе и затоа немаат човеково право да бидат ослободени.


Врховниот суд во Колорадо одлучи дека слоновите Миси, Кимба, Лаки, Лулу и Џамбо, сместени во планинската зоолошка градина во Шајен, немаат право на „habeas corpus“, правен концепт кој ги штити луѓето од незаконски притвор и гарантира лична слобода од самоволието на извршната власт.

Habeas corpus не се однесува на животните „без разлика колку се когнитивно, психолошки или социјално софистицирани“, се наведува во судската одлука.

Проектот за нечовечки права (НРП), кој ја покрена постапката, ја објави дека пресудата ја овековечува јасната неправда.

Групата тврдеше дека слоновите, родени во дивината на Африка, имаат право на слобода бидејќи се автономни, високо когнитивно и социјално сложени суштества.

НРП сакаше животните да бидат пуштени во засолниште за слонови во САД.

Зоолошката градина ги отфрли сите сугестии дека слоновите добиваат се освен извонредна грижа, се додава во судската одлука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK