Жителите на Манила денеска ги напуштија домовите и работните места по земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот Лузон, каде се наоѓа главниот град на Филипините, потврди сеизмолошката агенција на земјата, а медиумите објавија на социјалните мрежи.
WATCH: Lawmakers and employees of House of Representatives evacuate the main building of Batasang Pambansa after a magnitude 5.9 earthquake struck near Lubang, Occidental Mindoro. | @xianneangel
— CNN Philippines (@cnnphilippines) December 5, 2023
Сеизмолошката служба на Филипините на платформата Х објави дека не се очекуваат штети, но предупреди на последователни потреси. Земјотресот со јачина од 5,9 степени е регистриран на длабочина од 79 километри.
На снимките споделени од локалните медиуми на X, државните службеници излегуваат од зградата на парламентот, Министерството за правда и претседателската палата.