(Видео) Селена Гомез плаче поради депортациите на мигрантите од САД: „Го напаѓаат мојот народ“

f8ec4252-74a6-437e-bd52-bbfd9e434791.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селена Гомез, американска пејачка и актерка со мексиканско потекло, се расплака на својот Инстаграм Стори поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите.


„Жал ми е“, напиша таа покрај емоџи со мексиканско знаме.

„Сите мои луѓе беа нападнати, а децата. Не разбирам. Жал ми е. Посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè , ветувам“, рече Селена.

Актерката, која е родена во Тексас, неодамна проговори за миграцијата на нејзиното семејство во 1970-тите кога нејзината тетка ја преминала границата од Мексико во Америка скриена во задниот дел на камион.

„Недокументираната имиграција е прашање за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја благодарение на моето семејство. Но, кога читам вести или дискусии за имиграцијата, чувствувам страв за оние во слични ситуации Се плашам за мојата земја“, рече таа неодамна.

Пред да ја преземе функцијата, Трамп најави масовни депортации на мигранти без документи во Америка. Националната акција против мигрантите во неделата, на 26 јануари, резултираше со апсење на 956 лица, најмногу откако Трамп се врати на власт, според Службата за имиграција и царина.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK