Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во несреќата, а во авионот немаше патници, објави CNBCTV18.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ облак од чад што се издига над аеродромот додека пожарникарите се бореа со пожарот што избувна по несреќата.
Се појавија и снимки од самата несреќа.
WATCH: Private jet crashes while emergency landing at La Romana International Airport in Dominican Republic. pic.twitter.com/oiaEIRPjes
— AZ Intel (@AZ_Intel_) June 7, 2026