(Видео) Се урна хангар на аеродром во Америка, има загинати и повредени

Видео-Се-урна-хангар-на-аеродром-во-Америка-има-загинати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хангар во изградба се урна на аеродром во американската сојузна држава Ајдахо, при што загинаа три, а повредени се девет лица.

АП јавува дека петмината повредени се во критична состојба.

Се известува дека вчера попладне по локално време пожарникарите добиле повик да интервенираат во приватен хангар каде се случил „катастрофален“ колапс.

Градската управа соопшти дека три лица загинале на лице место.

Се наведува дека пожарникарите успеале да го стабилизираат местото на несреќата и да спасат неколку лица.

„Сцената беше многу хаотична. Не знам што беше причината, но можам да ви кажам дека тоа беше многу големо уривање“, изјави Хамел за локалните медиуми.

Надлежните изјавија дека уривањето на хангарот не влијаело на редовното работење на аеродромот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK