Најмалку девет лица загинаа, а околу 50 се повредени откако се урна бина на предизборен митинг во Мексико, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случил додека претседателскиот кандидат на левиот центар Хорхе Алварез Мајнез држел говор во градот Сан Педро Гарза Гарсија.
Уривањето на бината е предизвикано од ненадеен силен налет на ветер, напиша Мајнез на Х, а пренесе Би-би-си.
BREAKING: Stage collapses during a political rally in northeast Mexico. At least four people are dead, and many are injured.pic.twitter.com/lWzzsBXzrO
— Viral News NYC (@ViralNewsNYC) May 23, 2024
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога структурата се урна додека неколку луѓе беа на сцената.
Гувернерот на државата Самуел Гарсија ги повика локалните жители да останат дома поради силните грмотевици во областа.
Мајнез е кандидат на партијата Граѓанско движење и моментално е на третото место во националните анкети.
Во објава на Х тој изјави дека самиот не е повреден, но дека се повредени неколку членови на неговиот тим.