(Видео) Сајбертрак на Тесла удри во ѕид во Америка и се запали, тројца патници загинале на лице место

sajbertrak.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сајбер камион на Тесла вчера удрил во бетонски ѕид и се запалил нешто по 3 часот по полноќ во Пиемонт, Калифорнија. Тројца од четворицата патници во автомобилот починале на лице место.


Еден патник е спасен и хоспитализиран. Полицискиот капетан Крис Монахан рече дека сајбер камионот „прескокнал преку рабникот, удрил во бетонски ѕид и потоа се заглавил меѓу ѕидот и дрвото“.

Сајбертракот испратил автоматско предупредување до полицијата во 3:08 часот, а полицијата во исто време добила пријава од очевидци.

Тие пристигнале на местото на настанот и го затекнале возилото во пламен.

Човекот кој се возел зад Сајбертракот успеал да го спаси единствениот преживеан патник од запаленото возило.

Имињата, возраста и полот на жртвите сè уште не се објавени, а полицијата соопшти дека преживеаниот е во „стабилна“ состојба.

Полицијата се уште не утврди што ја предизвикало несреќата и пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK