(Видео) Русинка донираше 50 долари за помош на Украина, и се заканува затвроска казна до 20 години

Видео-Русинка-донираше-50-долари-за-помош-на-Украина-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руско-американска балерина е обвинета за предавство од руските власти откако донирала во украинска добротворна организација, пишува „Бизнис Инсајдер“.


Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во вторникот објави дека уапсила 33-годишна жителка на Лос Анџелес.

ФСБ објави дека жената има двојно државјанство и ја обвини дека „постојано учествувала во јавни акции за поддршка на режимот во Киев“ во САД. „Од февруари 2022 година, таа проактивно собираше средства во интерес на една украинска организација, кои подоцна беа искористени за набавка на тактичка медицина, опрема, оружје и муниција за вооружените сили на Украина“, напишаа тие.

Инаку, станува збор за балерината Ксенија Карелина, Русинка која има американско државјанство од 2021 година.

Карелина, наводно, донирала 51,80 долари на украинската добротворна организација „Разом“ со седиште во САД за Украина во февруари 2022 година, според руската група за правни права Первиј Отдел. Таа може да се соочи со затворска казна до 20 години доколку биде осудена.

На видеото што го сподели руската новинска агенција на „Икс“, Карелина е уапсена и ѝ е ставена капа над главата.

Карелина не е единствениот американски државјанин приведен од Русија откако ја нападна Украина пред две години.

Еван Гершкович, репортер на „Волстрит Журнал“, беше уапсен во Русија под обвинение за шпионажа во март. ФСБ го обвини Гершкович дека „се обидел да добие доверливи информации“ и дека дејствувал „по инструкции на САД“. 32-годишникот е во притвор речиси една година.

Во вторникот, рускиот суд ја отфрли неговата последна жалба. „Волстрит Журнал“ објави во извештај истиот ден дека Гершкович „ќе остане зад решетки најмалку до 30 март“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK