(Видео) Работник во Англија остана заробен на покрив што гори, го спаси оператор со кран

Видео-Работник-во-Англија-остана-заробен-на-покрив-што-гори.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Работник кој се спасува со помош на кран може да се види на драматичното видео кое се појави на социјалните мрежи. Работник остана заробен на покривот покрај запален облакодер во Ридинг, Англија.

Пожарот избувнал утрово и бил изгаснат во текот на денот. Операторот на кранот, кој со брза реакција го спасил работникот, вели дека „за влакно“ ја избегнале несреќата.

„Погледнав низ прозорецот на кранот и видов човек на работ на зградата од левата страна“, рекол Глен Едвардс (65), а пренесува „Скај њуз“.

„За влакно избегнавме несреќа. Имаше силен ветер. Се обидов да го спуштам кафезот меѓу него и пламенот, но ветерот постојано ме попречува. На крајот успеав“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK