Најмалку едно лице е убиено, а три други се повредени во понеделникот во пукање во продавница на Волмарт во Биверкрик, Охајо, објави телевизијата WHIO, цитирајќи ги новинарите од местото на настанот, а сведоците изјавија за медиумите дека маж отворил оган со автоматска пушка.
Тројца од повредените се згрижени во блискиот медицински центар, изјави портпаролот на болницата. Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето и дека повеќе нема закана за јавноста. Биверкрик е град со околу 46.000 жители источно од Дејтон.
🚨#BREAKING: Gunman opens fire on shoppers inside a Walmart Multiple people have been shot
⁰📌#Beavercreek | #OhioCurrently, multiple law enforcement and emergency crews are on the scene after male suspect with a rifle entered inside Walmart store in Beavercreek, Ohio, and… pic.twitter.com/TOhn9GXhtO
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) November 21, 2023
Зградата е обезбедена и „во овој момент нема активна закана“, соопшти полицијата на платформата Х на социјалните мрежи, без да соопшти никакви детали за можни жртви. Сликите од местото на настанот покажуваат редица полициски автомобили со запалени светла надвор од продавницата.
„Буквално само пазарев за Денот на благодарноста и овој човек помина покрај мене со автоматска пушка и почна да пука“, рече една жена во видеото објавено на социјалните мрежи, додавајќи дека не може да утврди дали некој е повреден или убиен. „Трчав… Пукаше 10 пати… Среќна сум што сум жива“, рече таа.
Друг сведок на социјалните мрежи го опиша напаѓачот како „висок, млад бел човек“ кој носел воена торба.