Вооружен напаѓач уби четири лица на пазар во Грузија, по што осомничениот е приведен, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Нападот се случил во Ростава, во близина на Тбилиси, наведуваат медиумите.
#BREAKING – #Georgia: Suspect assassin shot 4 people & several others were injured in a market in Rustavi near #Tbilisi. The suspect were able to flee from the scene. pic.twitter.com/xPSpMCQNMA
— 🔱 Resistance Defender ⚡ (@ResistDefender) February 9, 2024
„Утврдено е дека Ѓ.О.(36) испукал неколку куршуми на територијата на пазарот. Во престрелката се убиени четири лица, меѓу кои и вујкото на пријавениот, кој работел на пазарот. Едно лице, роднина на пријавениот, било рането“, соопшти Министерството.
На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно се снимени на лице место.
Престрелката се случила на таканаречениот истанбулски пазар. По дојавата за пукање, на местото на настанот брзо пристигнале припадници на полицијата. Мажот кој отворил оган е уапсен на лице место. Ранетите се пренесени во болница.