(Видео) Проектил погоди облакодер во Киев

Видео-Проектил-погоди-облакодер-во-Киев.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На социјалните мрежи се појави видео од експлозија во станбен облакодер во Киев. На видеото се гледа како проектилот удира во зградата и како се создава огромна експлозија и голем облак од чад.

Во денешниот огромен руски напад врз неколку украински градови загинаа најмалку 28 лица, а повеќе од 140 беа повредени. Само во Киев загинаа пет лица, а 30 се повредени.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија лансирала околу 150 проектили во најголемиот воздушен напад врз Украина и дека повеќето од нив биле соборени. Зеленски додаде дека Русите „го испукале речиси секое оружје што го имаат во својот арсенал“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK