Пожарникарите во Валенсија не можеле да поверуваат кога во пламенот на зградата која изгорела пред осум дена пронашле преживеана мачка.
Мачката Коко повторно се спојува со нејзината сопственичка Андреа Рубио, која веќе се откажа од надежта дека ќе го најде својот сакан миленик по пожарот кој однесе десет човечки животи и десетици домашни миленици.
„Моето кутро малечко“, вели 32-годишната девојка во видеото на кое се гушка со Коко, објавено од локалната полиција.
Firefighters in Valencia were surprised to find a live cat among the remains of an apartment block which was ravaged by fire eight days ago. Coco reunited with her owner Andrea, who thought she wouldn’t see her cat again | Read more: https://t.co/5ClRmo7GW0 pic.twitter.com/9L3C2RiSWq
— RTÉ News (@rtenews) March 1, 2024
„Го најдовме со чиста среќа“, рече еден пожарникар.
Хавиер Фернандез, нејзиниот партнер, изјави за Ројтерс дека пожарникарите го пронашле на тринаесеттиот кат, два ката над нивниот стан, во дел од зградата што не претрпела поголема штета.
Парот веднаш го однел на ветеринар, кој констатирал дека е во добра здравствена состојба, и покрај силниот чад. Коко останала под опсервација 24 часа за да се утврди дали е дехидрирана.
Смртоносниот пожар, кој брзо се прошири поради силниот ветер, избувна на 22 февруари во богатата населба Ел Кампанар.
Повеќе од 150 преживеани, меѓу нив и Рубио и Фернандез, се привремено сместени во слободни социјални станови додека не се најде трајно решение.
„Тоа е нов дом за него. Отпрвин ќе биде изгубен, но колку побрзо се навикне, толку подобро ќе се чувствува Коко“, заклучи Фернандез.