Напаѓачот кој во терористички напад во Брисел уби две лица, шведски фудбалски навивачи, а рани уште едно лице, се уште е во бегство.
Судејќи според снимката, убиецот избегал со скутер.
En direct de Bruxelles, yser pic.twitter.com/w9jNKWEnkP
— 𝑫𝒐𝒖𝒂𝒂. 🇲🇦 (@bonnetsLv) October 16, 2023
Со истиот скутер, според расположливите информации, тој пристигнал во делот на центарот „Сентелтеплеин“, каде што отворил оган од автоматска пушка.
Убиецот, според новите информации кои белгискиот ХЛН ги дознал од полицијата, прво пукал во такси комбе во кое убил двајца шведски навивачи кои пристигнале на натпреварот меѓу Белгија и Шведска. Потоа отишол да пука во третата жртва, која ја ранил.
Според неофицијални информации, станува збор за маж по име Слајем Слоум, по потекло од Тунис. На неговиот Фејсбук по нападот се појави видео во кое тој вели дека „убил тројца Швеѓани“. Едно од трите лица во кои пукал е рането и според последните информации е надвор од животна опасност.
Во видеото, човекот на арапски вели дека е член на ИСИС (Исламска држава) и се фали дека убива неверници.
„Во својот многу насилен говор, тој рече дека убил две лица за да се одмазди на муслиманите и дека ние живееме и умираме за нашата религија“, се вели во соопштението.
По нападот тој побегнал, а полицијата се уште не може да му влезе во трага.