­

(Видео) Пожарите во Јужна Кореја траат една недела, уништен антички храм


juznakoreja-pozar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пожарите во Јужна Кореја што траат една недела загинаа најмалку 28, а 37 лица се повредени. Тамошните медиуми информираат дека изгорел храм од 681 година.


Пожарите, кои беснеат од минатиот петок, веќе зафатиле околу 48.000 хектари шума, два пати повеќе од пожарите во 2000 година, претходно најлоши во историјата на Јужна Кореја.

Пожарникарите имаа подобри услови денес поради поголемата видливост и пониските температури. Околу 38.000 жители досега биле принудени да ги напуштат своите домови, информира владината агенција за кризи.

Во пожарите изгорел храмот Гун во Уисеонг, изграден во 681 година, но за среќа националното богатство складирано во античкиот храм било преместено пред неговото уништување. Историското село Хахо, кое е прогласено за светско наследство на УНЕСКО во 2010 година, исто така, е загрозено од уништување.

Официјалните лица велат дека овие пожари се засилуваат под влијание на сувите ветрови и долготрајните суши.

Шумските пожари не се невообичаени во Јужна Кореја за време на сушните периоди. Во последниве години, просечните температури во земјата се зголемиле, а со нив и екстремните временски појави, што значително го зголемил ризикот и сериозноста на пожарите.

Експертите го гледаат зголемувањето на бројот на шумски пожари како знак за ефектите од климатските промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK