Илјадници Палестинци бегаат од северниот дел на Газа на југ за да најдат засолниште и да избегаат од секојдневното израелско бомбардирање. На социјалните мрежи беа објавени слики и видеа од реки луѓе, меѓу кои жени, деца, стари лица и инвалиди.
Обединетите нации соопштија дека во неделата околу 2.000 луѓе избегале на југ, додека во вторник тој број се зголемил на 15.000.
With the majority of the lsraeli bombing concentrated on the north, thousands of Palestinians flee the hardest-hit areas in Gaza Strip, heading towards the south. pic.twitter.com/td4rwbEF7z
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) November 10, 2023
Израелската армија со недели ја бомбардира Газа. Војската соопшти дека биле погодени 14.000 терористички цели во енклавата.
Светската здравствена организација објави дека најголемата болница во Газа, во која се сместени околу 50.000 луѓе, се соочува со бомбардирање.
Палестинските власти соопштија дека Израел извршил воздушни напади врз најмалку три болници додека здравствениот систем се борел да се грижи за илјадници ранети или раселени луѓе.