(Видео) Поради возраста, синот на Рамзан Кадиров нема да одговара за тепање на затвореници

21-kadirov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров нема да биде под истрага за претепување на затвореник обвинет за палење на Куранот, бидејќи има само 15 години, објави рускиот портал „База“.

Како што пишува Ројтерс, самиот Кадиров изјавил дека се гордее со својот син Адам затоа што „се стекнал со возрасни идеали за чест, достоинство и одбрана на верата“.

На видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се види како млад човек удира со тупаници и клоца човек свиткан на стол, пред да го собори на подот и да го удри во главата.

Затвореникот Никита Зуравел се пожалил на нападот до комесарот за заштита на човековите права, кој рекол дека случајот го проследиле до нивните колеги во Чеченија, пренесуваат медиумите во регионот.

Рамзан Кадиров (47) е на чело на Чеченија од 2007 година, кога стана претседател, и е познат како верен сојузник на Владимир Путин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK