(Видео) Поплави на југот во Германија; Метеоролозите: Оваа количина на дожд паѓа еднаш во еден век

ге1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Неколку подрачја во јужна Германија доживеале врнежи кои обично се случуваат само еднаш во 50 до 100 години, според прелиминарните податоци на Германската метеоролошка служба (DWD).

Обилните дождови и големите поплави во двете најјужни германски покраини со денови предизвикуваат големи тешкотии, а десетици илјади служби за итни случаи континуирано се на терен од петокот навечер.

Илјадници луѓе беа евакуирани во текот на изминатите неколку дена, а се очекува повеќе да ги напуштат своите домови поради обилните дождови што ја погодија јужна Германија, предизвикувајќи надоаѓање на реките.

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а најмалку еден пожарникар се уште се води како исчезнат.

Метеорологот на DWD, Томас Дојчландер, рече дека врнежите може да се опишат како настан што се случува еднаш во векот и дека се „секако невообичаени.

Вкупно околу 20 до 30 мерни станици во јужна Германија покажаа екстремно високи водостои.

Некои екстремни вредности се поврзани со врнежи во еден ден, додека други се поврзани со врнежи во текот на три последователни дена, објасни Дојчландер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK