Силен дожд ги зафати ОАЕ, а обилните врнежи доведоа до целосно поплавување на автопатите и аеродромот во Дубаи.
На видеата кои се објавуваат на социјалните мрежи може да се видат авиони кои се движат по пистите кои се поплавени.
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) April 16, 2024
Поради ваквата состојба и ненадејната промена на времето откажани се многу летови.
U međuvremenu u Dubaiju potop sudnjeg dana.😬🤟✈️ pic.twitter.com/1tL7wLCTsu
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) April 16, 2024
На автопатите и улиците има цистерни со пумпи кои ја испумпуваат водата, со цел да се подобри состојбата во градот.
Како што пишуваат луѓето на социјалните мрежи, сите училишта во Дубаи се затворени, а целиот град е во застој, пишуваат медиумите во регионот.