(Видео) Поглед од морето кон Омиш во пламен, хрватските спасувачи објавиja морничава снимка


hrvatska-pozar-nova-snimka-screenshot-2026-08-14-143259.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големиот пожар што синоќа во текот на вечерта избувна во Локва Рогозница, во текот на ноќта се прошири кон Омиш, Хрватска, и ги зафати подрачјата над самиот град, стигнувајќи во близина на центарот.


Огнот загрози бројни куќи и објекти, а дел од жителите и туристите беа евакуирани. Од теренот пристигнуваат снимки од голема материјална штета, изгорени автомобили и објекти.

Во текот на ноќта 36 лица побарале лекарска помош, од кои 14 биле задржани во болница, додека седум се во тешка состојба.

Хрватската планинарска спасувачка служба (ХГСС) објави снимка од синоќешниот пожар направена од морето, пренесе „Индекс“.

ХГСС евакуирал околу 150 лица

„Во драматичната ноќ кај Омиш, ХГСС евакуираше околу 150 лица.

Во евакуацијата, покрај пловилата на Капетанијата на пристаништата, полицијата и други пловила, учествуваа и членовите на ХГСС Сплит со својот гумен чамец.

Во исто време, членовите учествуваа во потрагата по странски државјанин, кого полицијата го пронајде на море, како и во спасувањето лица од пловило кое потонало.

На терен моментално се дваесетина членови на ХГСС Станица Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка, а дополнителни сили ќе бидат вклучени според потребите на надлежните служби.

Продолжува и деталниот преглед на подрачјето околу возилото од кое се оддалечила и исчезнала странска државјанка.

Во оваа прилика сакаме да ја истакнеме исклучителната пожртвуваност на пожарникарите и Хрватската противпожарна заедница, кои од самиот почеток се борат со огнената стихија. Сите активности се спроведуваат во координација со останатите итни служби“, објави ХГСС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK