Почина американскиот војник кој се самозапали пред израелската амбасада во САД.
Полицијата го идентификувала мажот како 25-годишниот Арон Бушнел од Тексас.
An American soldier active in the air force in front of the Israeli embassy in Washington said “I will no longer be an accomplice to genocide” in response to the massacre in Palestine. He set himself on fire.
Conscience is what makes a person human. pic.twitter.com/VLCSEmEskP
— Lonely Wolf (@100101110111AD) February 26, 2024
Службениците на американската тајна служба го изгаснале пламенот, по што мажот во критична состојба бил пренесен во болница со тешки повреди.
Војникот снимил се на својот телефон и во живо го пренесувал на социјалната мрежа Твич, а за време на преносот во живо се претставил како активен член на воздухопловните сили.
Пред да се самозапали, тој рече дека повеќе нема да биде учесник во геноцидот, а сведоците го слушнаа како извикува „Ослободете ја Палестина“ додека гореше.