(Видео) По повеќе од две години се огласи Меланија Трамп: Достигнувањата на Бајден и Харис зборуваат сами за себе, но не на добар начин

melanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Достигнувањата на американскиот претседател Џозеф Бајден и американската потпретседател Камала Харис „зборуваат сами за себе“, а не на добар начин, изјави првата дама Меланија Трамп.


Меланија Трамп за Фокс њуз, запрашана за коментар за фактот дека Харис го замени Бајден како кандидат на Демократската партија на претстојните избори, рече дека земјата се соочува со многу предизвици под нивното раководство, што е во целосна спротивност со времето кога на функцијата беше нејзиниот сопруг, објави Њујорк пост.

„Земјата страда. Луѓето не можат да купат основни потреби за своите семејства. Имаме војни низ целиот свет. Војниците умираат. Тие загинаа под оваа управа поради лошото раководство. Границата е отворена и опасна. Многу е тешко да се гледа тоа“, изјави таа за Фокс њуз.

Според неа, економијата навистина не е сјајна.

„Инфлацијата е висока и ако ги споредиме овие четири години под оваа администрација во споредба со четирите години под мојот сопруг како врховен командант, тој ја водеше земјата низ мирот, преку силата“, рече таа.

„Немавме војни. Луѓето напредуваа. Тие имаа работа. Тие можеа да ги издржуваат своите семејства, така што мислам дека американскиот народ треба да одлучи што навистина сака“, рече таа, додавајќи дека сè е во рацете на американскиот народ на 5 ноември.

Ова беше првото телевизиско интервју на поранешната прва дама по повеќе од две години, дадено во пресрет на нејзиното ново издание на мемоари, наречено „Меланија“.

За време на интервјуто таа се присети како дознала за двата обиди за атентат врз нејзиниот сопруг, кои се случиле за краток период од два месеци.

„Дотрчав до телевизорот и (го премотав) и го гледав. Не го видов во живо, но можеби, знаете, три минути, неколку минути подоцна. Но, кога го видов, бев, знаете, тоа беше само… Сè уште никој не знаеше. Затоа што кога ќе го видите на подот, а не знаете, не знаете што навистина се случило“, се присети Меланија.

Само два месеци подоцна, поранешниот претседател повторно се соочи со смрт на меѓународниот терен за голф Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, кога цевката од огненото оружје на осомничениот напаѓач Рајан Раут беше забележана во грмушките.

Меланија во тоа време била во Њујорк, но се јавила да се увери дека се е во ред и оцени дека Тајната служба завршила „фантастична“ работа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK