Поранешниот министер за одбрана, Шигеру Ишиба, ќе стане нов премиер на Јапонија

shigeru-ishiba-EPA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот министер за одбрана Шигеру Ишиба ќе стане нов јапонски премиер откако победи на претседателските избори на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) во вториот круг гласање, победувајќи ја министерката за економска безбедност, Санае Такаичи.



Ишиба освои 215 гласови во вториот круг против Такаичи, која освои 194 гласа, пренесува „Кјодо“.

Во понеделник се очекува Ишиба да избере нови лидери на ЛДП и да го формира својот кабинет откако ќе биде избран за премиер на вонредна седница на Собранието.

Другите кандидати беа поранешниот министер за животна средина Шинџиро Коизуми, главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши, поранешниот министер за економска безбедност Такајуки Кобајаши, главниот секретар на кабинетот Јошимаса Хајаши, министерот за надворешни работи Јоко Камикава, министерот за дигитална технологија Таро Коно и поранешниот министер за здравство Кацунобу Като.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK