„Јунајтед ерлајнс“ објави дека уште еден нејзин авион го изгубил главното тркало за време на полетувањето, практично повторувајќи го инцидентот од март, по што Федералната управа за безбедност на транспортот нареди безбедносна проверка на компанијата.
Никој не беше повреден на летот 1001 на Јунајтед, а Боингот 757-200 полета од Лос Анџелес вчера околу 7:15 часот по локално време и слета на аеродромот во Денвер во 10:10 часот, изјави портпаролот на компанијата, а пренесе „Блумберг“.
WATCH: United Airlines Boeing 757-200 #UA35 loses wheel seconds after takeoff — againhttps://t.co/KDqz28zjGS via @nypost #aviation #travel #safety #emergency
Credit: CaliPlanes (https://t.co/nScLIoeYRD) pic.twitter.com/2a65jV4bGg
— Video Forensics (@Video_Forensics) July 9, 2024
Тркалото е пронајдено во Лос Анџелес, соопшти „Јунајтед ерлајнс“, без дополнителни детали.
Нема извештаи за повредени.
Инцидентот е многу сличен на оној во март, кога Боинг 777-200 изгуби тркало набргу по полетувањето од Сан Франциско на лет за Осака, принудувајќи го принудно да слета на аеродромот во Лос Анџелес.
Во инцидентот тогаш никој не беше повреден, но на видео снимката се гледа моментот кога тркалото паднало и ги оштетило возилата на паркингот.