Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја напушти просторијата кога лидерите ја носеа одлуката за отворање на пристапните преговори со Украина, потврдија за „Гардијан“ тројца европски дипломати.
Starting accession negotiations with #Ukraine is a bad decision. Hungary did not participate in the decision. pic.twitter.com/omYLSxefkI
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) December 14, 2023
Набрзо и самиот Орбан се огласи преку социјалните мрежи и повтори дека Украина не е подготвена да ги започне пристапните преговори.
„Речиси осум часа бевме на преговарачка маса овде во Брисел на самитот. Имаме голема дискусија за членството на Украина во ЕУ. Ставот на Унгарија е јасен: Украина не е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ тоа е сосема бесмислена, ирационална и погрешна одлука за почеток на преговори со Украина во овие околности“, рече тој.
„Унгарија нема да го промени својот став. Од друга страна, 26 други земји инсистираа да се донесе оваа одлука. Затоа, Унгарија одлучи тие 26 земји да одат по својот пат. Унгарија не сака да има удел во оваа лоша одлука и затоа Унгарија денеска не учествуваше во одлуката“, додаде тој.