(Видео) Огромна експлозија во Севастопол, Русија: Погодено седиштето на Црноморската флота

Видео-Огромна-експлозија-во-Севастопол-Русија-Погодено-седиштето-на-Црноморската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска се случи силна експлозија во Севастопол. Не станува збор само за најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше припоен од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште каде што е сместена руската Црноморска флота.



Севастопол од неодамна често е мета на украински воени беспилотни летала и крстаречки ракети. Според фотографиите и видеата кои денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде често се наоѓаат руски воени бродови.

Неофицијалните канали на Твитер, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, а локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.

Русите потврдија: Погодено е седиштето на Црноморската флота

Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер Михаил Развозаев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK