(Видео) Огромна експлозија и пожар во руска фабрика

Видео-Огромна-експлозија-и-пожар-во-руска-фабрика.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку две лица се повредени во експлозија и пожар што избувна во фабрика за полимери во рускиот град Шакти во Ростовската област, јавија руските медиуми.

Како што објави на Телеграм, Ектареина Стењакина, пратеник на руската Дума од Ростовската област, експлозијата се случила во фабриката за полимери „Авангард“.

„Се уште ги утврдуваме сите детали. Станбените згради не беа погодени, но фабриката претрпе штета. Пожарот предизвикан од експлозијата се уште не е изгаснат“, рече Стењакина.

Таа додаде дека нема загинати, но две лица се пренесени во болница. Работниците во фабриката се евакуирани. Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека пожарот избувнал во фабрика во населбата Гидропривод во градот Шакти. Фабриката Авангард, инаку, произведува полимерни пломби за душеци и перници.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK