Најмалку шест лица, меѓу кои пет деца, загинаа вчера откако неколку згради се урнаа во источните предградија на Мумбаи поради обилни дождови, предизвикувајќи прекини во сообраќајот и принудувајќи затворање на училиштата во градот. Пет деца и една жена загинаа при уривањето на неколку високи згради во источен Мумбаи, соопштија градските власти.
Дождовите предизвикаа лизгање на земјиштето што го затвори автопатот Мумбаи-Пуна, предизвикувајќи прекини во сообраќајот меѓу двата града. Покрај патниот сообраќај, обилните дождови ги прекинаа и воздушните и меѓуградските железнички услуги, вклучително и возовите меѓу Мумбаи и Пуна.
Патиштата низ градот беа поплавени, а училиштата и универзитетите беа затворени денес.