Пукано е врз конвојот на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Еден од телохранителите на Абас беше застрелан, а нападот го презеде организацијата наречена „Синови на Абу Џандал“
Војната меѓу Израел и Хамас продолжува во Газа, а додека будно се следат случувањата во регионот, обидот за атентат организиран врз палестинскиот претседател Махмуд Абас предизвика паника во регионот.
#BREAKING ⚡️ 🇵🇸An attempt was made to assassinate Palestinian President Mahmoud Abbas. pic.twitter.com/WSmAwh3oUn
— UKR REPORT (@UKR_Report) November 7, 2023
„Синовите на Абу Џандал“, наводно организирани во рамките на палестинскиот безбедносен естаблишмент на Западниот Брег, му дадоа на Махмуд Абас 24 часа да преземе акција против Израел.
Со истекот на рокот, конвојот на Абас беше нападнат. Додека еден од телохранителите на Абас беше застрелан во судирот, организацијата Синови на Абу Џандал ја презеде одговорноста за нападот.